Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со игнорантскиот однос во Собранието сака да спроведе самоволие

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со игнорантскиот однос во Собранието сака да спроведе самоволие

СДСМ нема што повеќе да зборува за конструктивност на опозицијата бидејќи со нивниот игнорантски однос, неконструктивност и самобендисаност, единствено што сакаат да спроведуваат во Собранието е самоволие, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во соопштението на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ за сето ова време, додека е опозиција, покажа максимална вклученост и иницијативност и даде до знаење дека сака да работи за подобро на граѓаните, а не да води политика на теснопартиски интереси во Собранието. Смешно е кога СДСМ се обидува да ја објасни итноста и брзањето за поднесените закони кога имаа доволно време да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе беа донесени. Сега им се брза со трите поднесени закони во Собранието бидејќи се ближат локалните избори, а немаат изработено ништо и повторно се користат со манипулациите и со тактиките што се препознатливи за СДСМ, додека ВМРО -ДПМНЕ поднесе низа закони кои доколку СДСМ имаше слух за потребите на граѓаните и дадеше поддршка, досега ќе беа изгласани и донесени“, се вели во партиското соопштение.

Од опозициската партија велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако се опозиција, во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа законски решенија што произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, но дека пратениците на СДСМ не нашле сила и храброст да покаже конструктивност.