Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос

Организациите што ги финансира Сорос за зајакнување на некакви си капацитети, всушност се „организации преку кои се плаќаат таканаречените револуционери за поттикнување насилства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека Сорос во Македонија досега има доделено стотина милиони евра на „сателит-организациите“ што ги раководи.

„Преку нив се финансираше и платеничката револуција, која ја напаѓаше полицијата и уништуваше сè што е изградено. СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос, а тие се негови финансиери. Сега сме сведоци на обид нови 9,5 милиони евра да се делат од касата на Сорос и на СДСМ во Македонија. Секој обид овие средства да се употребат за подривање на нашиот правен и уставен систем ќе наиде на соодветен одговор. Народот ќе се спротистави на хулиганите на СДСМ и на Сорос доколку помислат да го реализираат нивното деструктивно сценарио“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „десоросоизацијата е неизбежна, а узурпацијата и заложништвото на граѓанскиот сектор и демократијата мора веднаш да престанат“.