Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори зошто Заев не се појави пред обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори зошто Заев не се појави пред обвинителство

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во работен престој на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската народна партија каде присутни ќе бидат функционерите од политичкиот естаблишмент на Европската Унија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– СДСМ и медиумите под контрола на Бихаќка со емитувањето на лажни вести, покажуваат невидена нервоза. Уценетиот аболициран криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на партијата се целосно разобличени пред граѓаните. Единствено што им преостанува преку проѕирни лаги и манипулации да дефокусираат од вистинските теми како што е прифатената Тиранска платформа со која сакаат да ја редефинираат државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „СДСМ кога говори за тоа кој каде е, добро е да одговори зошто денеска Заев по којзнае кој пат одбегна и одби да се појави пред обвинителството успорувајќи ја правдата и вистинските одговори за сомнежите за криминално и незаконско финансирање на партијата.“