Македонија ВМРО-ДПМНЕ освоила 229.428 гласови, СДСМ 206.075 од преброени 566.779 гласови

ВМРО-ДПМНЕ освоила 229.428 гласови, СДСМ 206.075 од преброени 566.779 гласови

Од пребројани 566.779 гласови, според неофицијалните резултати од веб-страницата на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 229.428 гласови (40,48 проценти), а СДСМ 206.075 (36,36 проценти).

Од албанските партии, ДУИ освоила 38.985 гласови, Беса – 23.049, а Алијанса за Албанците – 15.261 глас.

Станува збор за резултати од 2.053 од вкупно 3.524 избирачки места.

Бројките на веб-страницата постојано се менуваат, а официјалните податоци, Државната изборна комисија се очекува да ги објави на полноќ.