Македонија ВМРО-ДПМНЕ: На сите во Македонија им е јасно дека фантомски гласачи нема

ВМРО-ДПМНЕ: На сите во Македонија им е јасно дека фантомски гласачи нема

Пукна и последниот балон на СДСМ. Се распрска како меур од сапуница големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.

„Денес на сите во Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните поранешни функционери Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Благој Ханџиски, поранешниот претседател на СДММ, Дарко Давитковски, сестрата на Радмила Шекеринска, на Мирјана Најчевска, балансираните новинари Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, Фиат и Сефер Цаноски, сестрата и внукот на Катица Јанева – Лиле и Ѓорге Делиџакови. Со ова потонаа и последните лаги на СДСМ кои започнаа уште пред изборите во 2014 година кои Заев и СДСМ ги прогласија за нерегуларни во 19:01 со изговор дека ’фантомски гласачи’ им ја украле победата. Она што го знаеја и малите деца, денес им се разјасни и на најголемите поддржувачи на СДСМ, а тоа е дека не постојат фантомски гласачи и за поразите на СДСМ е виновен само СДСМ и никој друг“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.