Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и на СДС

„СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „овојпат цела Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и на СДС“.

– Заев и СДС, за да се спасат себеси од одговорност за сторените криминали, во состојба се да ги продадат државните и националните интереси на Македонија – се додава во соопштението.