Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Летањето дронови со мапа на „голема Албанија“ е дел од платформата

ВМРО-ДПМНЕ: Летањето дронови со мапа на „голема Албанија“ е дел од платформата

Летањето дронови со знамиња од мапата на голема Албанија е дел од тиранската платформа, чии творци се надеваат дека на тој начин ќе му порачаат на македонскиот народ што го очекува, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму повторно го обвинија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека е „еден од реализаторите на тиранската платформа“, кој нема „храброст да ги осуди инцидентите насочени против македонскиот идентитет и суверенитет“.

„По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, вчера на фудбалски натпревар помеѓу „Вардар“ и „Шкупи“ во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија. Аболираниот криминалец Зоран Заев упорно продолжува да ги брани антимакедонските изјави на Зијадин Села, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и на Месила Дода. Заев со своите помошници од криминогениот СДС на коцка ги ставија националните и државните интереси на Република Македонија само да си ја спасат кожата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.