Економија ВМРО-ДПМНЕ: Квазимерките на СДСМ не им помагаат на производителите на праски

ВМРО-ДПМНЕ: Квазимерките на СДСМ не им помагаат на производителите на праски

Производителите на праски се оставени на цедило, а повеќе од 30 отсто од родот веќе е уништен поради недостигот од реакција од ресорното министерство, рече на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека родот на производителите на праски од Росоман пропаднал поради неажурноста на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, односно затоа што откуп речиси нема.

– Неговите квазимерки се однесуваат на килограм предадени праски, а земјоделците од терен говорат дека откупот или оди со тешкотии или воопшто не се откупува – посочи Костадиновски.

Тој побара владата на СДСМ да ги прифати мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ, односно надомест од 100 отсто на штетите од пролетниот мраз, како и да се обештетат земјоделците за непогодите од 2016 година, кои не се исплатени поради „ограничувањата во изборниот законик“. Костадиновски посочи и дека мора да се најдат нови откупувачи и пазари за македонските праски, како и да се донесе одлука за дополнителна субвенција по хектар од најмалку 50 отсто повисока од редовниот износ.