fbpx
Таг: ванчо костадиновски

таг: ванчо костадиновски

Костадиновски: Земјоделците летово ќе заработат четирипати помалку од откупот на лубеници отколку лани

Соочени со една од најтешките години, производителите на лубеници цел месец бараат поддршка од владата на СДС и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за решавање на огромниот проблем поврзан со откупот и со исклучително ниската откупна цена на лубениците, изјави денеска на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека нема откуп, а дека власта на...

ВМРО-ДПМНЕ: Квазимерките на СДСМ не им помагаат на производителите на праски

Производителите на праски се оставени на цедило, а повеќе од 30 отсто од родот веќе е уништен поради недостигот од реакција од ресорното министерство, рече на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека родот на производителите на праски од Росоман пропаднал поради неажурноста на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, односно затоа што откуп речиси нема. - Неговите квазимерки се...

Овоштарите го блокираа патот Градско – Прилеп и се заканија со радикални штрајкови

Овоштарите денеска го блокираа патот Градско - Прилеп еден час поради проблеми со откупот на праските. Во знак на револт, тие гo расфрлаа родот на патот и се заканија со радикализација на штрајкот. Поранешниот заменик-министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски, пред една недела информираше дека родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки...

Костадиновски: Родот на праските пропаѓа, земјоделците имаат проблеми со откупот

„Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски“, изјави на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека голем дел од родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. - Информациите што ги имаме велат дека се засегнати сите производители на праски кои имаат проблем и со откупот и со цената на...

Експерти ќе проценуваат дали некои од измрзнатите јаболкници може да се спасат

Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, кој направил увид во состојбата со јаболковите насади во Преспанскиот Регион, за „Мета“ потврди дека станува збор за речиси стопроцентно оштетување. - Цветната маса не е измрзната, туку буквално замрзната, по што воопшто не може да се очекува род. И покрај користењето на традиционалните начини за загревање на просторот и за спречување на измрзнување на...

Државата ќе го откупи оризот од земјоделците

Вишокот оризова арпа што стои во амбарите на земјоделците во Кочанско, заминува во стоковите резерви. Иако оризот уште пред 12 години е прогласен за производ кој не треба да биде складиран за државни резерви, Владата донела одлука повторно да го стави на листата. Со тоа го реши проблемот кој производителите на ориз ги натера да протестираат. Нема пресметка колку пари ќе чини...

Костадиновски го демантира Николовски за „Јапонска помош“

Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска во Пехчево ги демантира обвинувањата што ги изнесе дополнителниот заменик-министер во оставка, Љупчо Николовски, за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација. - Немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците или состојбата во земјоделството, Николовски изнесе обвинувања за работи направени во време на министерот Славко...

Николовски: Неспроведувањето надзор на безбедноста на храната мора да се расчисти

Случајот со неспроведувањето надзор врз безбедноста на храната од мај до септември мора да се расчисти, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој наведе дека ова вчера го потврдиле заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, а надлежните треба да понесат одговорност. – Скандалот е уште поголем зашто половина...

Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Во невремето што го зафати Тетово, уништени се повеќе од 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка, особено во Голема Речица. Ова денеска го оцени заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на тетовскиот регион. - И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна процена на штетите....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...