Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Кампањите имаа едукативна функција и донесоа видливи резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Кампањите имаа едукативна функција и донесоа видливи резултати

Сè е по закон и нема ништо незаконски, сите средства до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на која тој кажа дека кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски, потрошил 38 милиони евра на рекламни кампањи и на пропаганда.

Од партијата велат дека владејачкиот СДСМ има „очигледна потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и потреба за дефокусирање на јавноста“ во пресрет на локалните избори.

„Јавните кампањи на владата на ВМРО-ДПМНЕ имаа едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите беа видливи резултати, 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници“, се вели во соопштението.