Македонија ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ веднаш да достави барање за распуштање на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ веднаш да достави барање за распуштање на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика СДСМ да достави барање до Собранието на Република Македонија за негово распуштање. Од владејачката партија велат дека оваа идеја им е „поттикната од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и на деструктивноста“.

„Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена. Граѓаните сакаат конечно да заврши кризата во која СДСМ ја турна Македонија“, се вели во партиското соопштение.