Економија ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата е нормален финансиски механизам

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата е нормален финансиски механизам

СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за повторното идавање на еврообврзницата.

Според оваа партија, еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји.

– Дотолку повеќе, овој механизам во Македонија е воведен токму од СДСМ, со таа разлика што тогаш парите кои ги позајмуваше СДСМ испарија во воздух. Во нивно време немаше ниту инвестиции, ниту изградба на патишта, болници, училишта, спортски сали, субвенции.
Не само што не ги вложуваа парите за кои ја задолжуваа Македонија, туку им пречи кога некој друг работи и вложува во интересот на граѓаните и во поквалитетниот живот во државата – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.