Главна секција Владата воведува антикорупциско образование за основците

Владата воведува антикорупциско образование за основците

Учениците во основните училишта во земјава оваа учебна година ќе учат и содржини за борбата против корупцијата, решила Владата на својата денешна седница.

Владиниот кабинет ја прифатил Информацијата за активностите за спроведување на клучните мерки од делот Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020. Веднаш било издадено задолжение за Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, со писмен допис оваа учебна година да ги известат сите основни училишта да планираат и антикорупциски содржини во своите годишни програми.