Свет Балкан Македонската влада изрази жалење за убиството на Ивановиќ и повика на разум

Македонската влада изрази жалење за убиството на Ивановиќ и повика на разум

Македонската влада денеска изрази длабоко жалење за бруталното убиство на Оливер Ивановиќ, еден од политичките лидери на Србите на Косово.

„Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство“, стои во соопштението.

Владата, исто така, изразува надеж дека политичките елити, како и граѓаните на Косово и на Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.

„Владата на Република Македонија повикува и им се придружува на гласовите на разумот дека насилството и теророт не се решение и дека регионот треба продолжи напред во претстојниот исклучително значаен период за сите земји во опкружувањето“, се наведува во соопштението.