Економија Владата ја зголеми акцизата на нафтените деривати за три денари

Владата ја зголеми акцизата на нафтените деривати за три денари

Фото: Снимка од видео

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на прес-конференција информираше дека Владата со Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите, ја зголемила цената на акцизата на нафтените деривати за три денари.

„Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека значителниот пад на цената на нафтата на светските берзи предизвикува значително намалување и на малопродфажните цени на горивата во нашата држава,“ истакна Хоџа.

Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во буџетот, во Фондот за справување со коронавирусот за поддршка и финансирање на мерки за поддршка на стопанството и социјалните мерки за поддршка на граѓаните.

Тој додаде дека предложениот механизам ќе овозможи постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што, се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од корона вирусот.