Главна секција Влада: Секој граѓанин ќе може да дојде само до своето решение за...

Влада: Секој граѓанин ќе може да дојде само до своето решение за изолација

Фото: Мета.мк

Од Влада попладнево соопштија дека во новиот модел за испорака на решенија за изолација преку  веб-платформа, целосно ќе бидат заштитени личните податоци на граѓаните, односни нема да се објавуваат јавно.

Оттаму појаснуваат дека моделот подразбира секој оној што има потреба, ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено такво решение.

Од Владата додаваат дека дигиталниот модел за испорака на решенијата за изолација заради инфекција или контакт со позитивен на ковид-19 го изработуваат Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Министерството за здравство, Агенцијата за заштита на личните податоци и Владата.

„За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб-платформа граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните“, соопштија од Владата.