Главна секција Визуелизација на пишман-аболицијата на Иванов: Датуми, изјави и бројки

Визуелизација на пишман-аболицијата на Иванов: Датуми, изјави и бројки

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, на 12 април, на прес-конференција, соопшти дека помилувал 56 лица – политичари и нивни соработници – за да стави крај на политичката криза.

Наместо тоа, потегот на шефот на државата предизвика жестоки протести и реакции и кај нас и во светот.

По месец ипол, на 27 мај, Иванов во обраќање до јавноста соопшти дека го повлекол помилувањето, но само за 22 политички експонирани лица.

Десет дена потоа, кабинетот на Иванов испрати писмено соопштение дека претседателот целосно ја поништува аболицијата за сите 56 лица.