Технологија Гаџети Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади.

Вирусот е од категоријата „рансомвер“, што значи дека ги заклучува сите документи на заразените компјутери и ако корисникот сака да бидат отклучени за да може да ги користи, треба да плати одредена сума пари.

Меѓу најпогодените земји се Русија и Обединетото Кралство.

Според Вејнрајт, иако претходно привремено решение го спречи ширењето на вирусот, авторите на „вонакрај“ направиле понова верзија.