fbpx

Сопрен вирусот што вчера погоди десетици илјади компјутери во светот

-

Ширењето на компјутерскиот малвер „wannacry“ е сопрено од еден компјутерски експерт, кој го пронашол „прекинувачот за исклучување“ во вирусот. Тој регистрирал веб-страница за неколку долари, со чија помош се активира „прекинувачот“ што го создале авторите на злонамерната програма, за случај да сакаат да ја стопираат.

Станува збор за експерт за компјутерска безбедност од Велика Британија, кој открил дека „прекинувачот“ се активира од еден домен, односно веб-адреса. Авторите на малверот предвиделе домен со бесмислено име, кон кој вирусот испраќа барања за посета. Сè додека добива одговор дека не постои таков домен, вирусот е активен. Но, првиот пат откако ќе добие одговор дека има таква бев-страница – благодарение на експертот од Велика Британија, кој го регистрирал доменот, малверот „wannacry“ се деактивира, односно престанува да се шири и да заразува други компјутери.

Сепак, веќе заразените компјутери нема да имаат полза од ова, туку ќе мора да се „чистат“ со веќе постоечки методи или програми.

Од овој малвер беа погодени Националниот здравствен систем НХС на Велика Британија, а напади се пријавени и во Шпанија, Италија, Кина, Русија, Украина, Виетнам и во Тајван, меѓу другите.

Истражувачот на малвер за антивирусната компанија „Аваст“, Јакуб Кроустек, на „Твитер“ објави дека се детектирани 36.000 напади и дека најтешко се погодени Русија, Украина и Тајван.

Напади се детектирани во дури 74 земји во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...