Видео (ВИДЕО) Сирија: 95 убиени во упориштето на ИСИС

(ВИДЕО) Сирија: 95 убиени во упориштето на ИСИС

Се очекува бројот на загинатите да ресте, бидејќи поголем дел од повредените се во критична состојба

Најмалку 95 лица се убиени, а 120 се ранети при вчерашните воздушните напади на сириските воени сили на северниот град Рака, упориште на џихадистите од Исламска држава.

Бројот на загинатите се очекува да се зголемува бидејќи повеќето ранети се во критична состојба, соопшти Сирискиот набљудувачки центар за човекови права со седиште во Лондон.

Владините воени авиони спровеле 10 воздушни напади во Рака, соопшти организацијата, повикувајќи се на информации од активисти и жители на Сирија.
Сириската државна телевизија и новинската агенција САНА не јавуваат за никакви воени операции во Рака, град во кој се наоѓаат тренинг-центрите на ИСИС, како и седиштето на екстремистите.