Видео (ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Веднаш по пукањето, Универзитетот испратил предупредување до студентите да се скријат

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“.

Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба.

– Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од нив е во критична состојба – соопшти претставникот на болницата во Талахаси, Стефани Дерзиповски.

Универзитетот веднаш по пукањето испрати итно предупредување до студентите, нагласувајќи дека станува збор за „опасна ситуација“ и оти треба да се скријат некаде.

Полицијата и  тимот вештаци го истражуваат инцидентот, но засега не откриваат детали.

Државниот универзитет „Флорида“ важи за еден од најдобрите истражувачки центри, а во него учат околу 40.000 студенти.