Видео (ВИДЕО) Полицијата ги уапси лидерите на протестите во Хонгконг

(ВИДЕО) Полицијата ги уапси лидерите на протестите во Хонгконг

Локалните медиуми јавуваат дека 4.000 полицајци биле вклучени во спроведување на судската одлука за отстранување на барикадите

Полицијата во Хонгконг го отстрани барикадите во областа Монг Кок каде логоруваат демонстрантите кои веќе два месеци протестираат.

Полицијата соопшти дека 116 лица се уапсени поради престапи меѓу кои и незаконско собирање и напади на полицијата, како и нејзино попречување во работата.

Меѓу уапсените е и студентскиот лидер, 18-годишниот Сколаризам Џошуа Вонг, и заменикот на генералниот секретар на Хонгконшката федерација на студентите,Честер Шам.

Според процените на организаторот, на почетокот во протестите учествуваа 200.000 демонстранти во полуавтономниот кинески град, но нивниот број значително се намалил, а опадна и поддршката на јавноста.

Демонстрантите бараат владата во Хонгконг да се откаже од планот кој го наметнаа комунистичките лидери на Кина, а според кој комисијата кој ќе ги оценува кандидатите за лидер на Хонгконг на изборите во 2017 година, ќе биде составена од припадници на елитата наклонета кон Пекинг.