Видео (ВИДЕО) Мичиген: Четири лица избодени со нож во воз

(ВИДЕО) Мичиген: Четири лица избодени со нож во воз

Полицијата во Мичиген приведе лице кое е осомничено дека со нож избоделo четири лица во воз во местото Најлс, соопшти локалната полиција.

Никој не е убиен во нападот, наведе полицијата, но не соопшти во каква состојба се жртвите, ниту пак откри повеќе детали за инцидентот и за осомничениот.

Најлс е место со околу 12.000 жители, а се наоѓа на 16 километри северно од Саут Бенд во Индијана.

Инцидентот се случил во воз кој секојдневно сообраќа од Чикаго и од Порт Харон во Мичиген и назад, и тоа додека возот стоел на станицата во Најлс.