Видео (ВИДЕО) Израел: Еден загинат и тројца повредени со нож

(ВИДЕО) Израел: Еден загинат и тројца повредени со нож

Напад со нож во Израел

Четиринаесетгодишно израелско девојче е избодено со нож на Западниот Брег, неколку часа откако израелски војник со нож беше ранет во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе одговори на насилството на Арапите.

Две други лица беа избодени на автобуска станица во близина на еврејската населба Алон Швут. Лицата се полесно повредени, а чувар на населбата стрелал во напаѓачот, кој наводно е повреден.

Полицијата уапсила Палестинец, осомничен за претходните напади. Според полициските извештаи, лицето е од Наблус на Западниот Брег, а во Израел е илегално.

Нетанјаху изјави дека ќе се применуваат новите мерки, вклучително и уривање на домовите на демонстрантите, сугерирајќи им на напаѓачите да се преселат на Западниот Брег или во појасот Газа.