Македонија Вицепремиерот Никола Димитров ќе учествува на состанокот на „Отворен Балкан“ во Белград

Вицепремиерот Никола Димитров ќе учествува на состанокот на „Отворен Балкан“ во Белград

Фото: СЕП

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на кој што во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, соопштија од кабинетот на вицепремиерот.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и пресконференција.
 
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
 
Медиумите кои имаат интерес да ја проследат прес-конференцијата може да го следат преносот во живо на следниов линк: www.tanjug.rs