Свет Балкан Весникот „Илинден“ повторно и во печатена форма

Весникот „Илинден“ повторно и во печатена форма

Весникот „Илинден“, гласило на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, повторно, покрај во електронска, излегува и во печатена форма.

Тоа е овозможено со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто, Канда.

Весникот ќе продолжи да се дели низ Албанија, но да се дистрибуира и во дијаспората, секаде каде што живеат Македонци.

„Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиската помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза“, соопштија од редакција.