Видео Верижен судир на 50 возила во Пенсилванија

Верижен судир на 50 возила во Пенсилванија

Неколку лица загинаа, а 40 се повредени во верижен судир на 50 возила во американската држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Судирот се случил на 120 километри северозападно од Филаделфија, пренесува „Би-Би-Си“.

На снимките од местото на несреќата се гледаат автомобили и камиони, расфрлани на три ленти. На возачите им се советува да бидат максимално внимателни поради студеното време и обилните врнежи од снег.