Македонија Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која Величковски го реафирмирал ставот на партијата дека „евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и на граѓанинот и со борбата со криминалот и со корупцијата“.

– Денес не е доволно да избираме меѓу стабилност и демократија, туку стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата. Само формирање влада, без вистинско оспособување на институциите, без транспарентност и без што поширок општествен и политички консензус за клучните прашања, ризикува да не биде решение на кризата, туку вовед во нејзината следна етапа – оценил Величковски на средбата со Тимоние.