Главна секција Вељаноски има дури 10 дена да ја стави иницијативата за распуштање на...

Вељаноски има дури 10 дена да ја стави иницијативата за распуштање на дневен ред

Десет работни дена има претседателот Трајко Вељаноски за да свика седница и да го стави на дневен ред барањето за распуштање на Собранието.

Утринава пратеничката група на СДСМ и пратеникот Павле Трајанов поднесоа барања за распуштање на Собранието. Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека во интерес на решавање на политичката криза, нивната партија сака да покаже дека останува на договорените позиции.

Според него, секој обид за одложување на распуштањето на Собранието ќе биде доказ повеќе дека власта сака да избега од избори на 11 декември.

Од Демократски сојуз на Павле Трајанов велат дека севкупната криза во Македонија трае предолго и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што неопходна е промена на власта.

Досега настаните околу распуштањето се одвиваа по овој редослед:

10.10 часот: СДСМ презема чекори за 11 декември да се бетонира како ден за изборите;

11.02 часот: ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ веднаш да достави барање за распуштање на Собранието;

11.34 часот: Демократски сојуз достави предлог-одлука за распуштање на Собранието;

12.49 часот: СДСМ побара Собранието да се распушти, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа „за“.

14.53 часот: Да го изгласаме буџетот, па ќе го распуштиме Собранието, му порача ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ