fbpx

СДСМ презема чекори за 11 декември да се бетонира како ден за изборите

-

СДСМ денека ќе инсистира на следните чекори кои треба да се преземат за да се осигура дека изборите сигурно ќе се одржат на 11 декември, дознава „Мета“ од извори во партијата. Оттаму велат дека се задоволни со досега постигнатото, но сепак бараат строго почитување на одредбите од Изборниот законик.

Како што дознаваме, сè уште нема одредено датум кога би се распуштило Собранието. Првата пленарна седница за предлог-буџетот за 2017 година е закажана за денеска и таа треба да трае минимум пет дена.

Распуштањето на Собранието најверојатно го чека и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој в петок, на 14 октомври, ќе ја посети Република Македонија.

Според најавите, тој во Скопје ќе се сретне со лидерите на најголемите политички партии, со специјалната обвинителка, Катица Јанева, и со претставници на граѓанскиот сектор.

Информацијата за посетата на Хан доаѓа по одлуката на владејачкото мнозинство во парламентот да не ги поддржи барањата на специјалната јавна обвинителка за измени на Законот за СЈО, односно продолжување на рокот за истраги, како и за измена на Законот за заштита на сведоци.

Еврокомесарот, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, за време на посетата се очекува да разговара и за опструкциите што му се вршат на СЈО, подготовките за изборите и за распуштањето на Собранието.

За да се распушти Собранието, исто така, треба некој пратеник или пратеничка група да поднесе иницијатива за распуштање за да може претседателот на законодавниот дом да ја стави на дневен ред.

Утре, пак, на пленарната собраниска седница се закажани повеќе точки на дневен ред, меѓу кои и предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантската криза. Ако предлогот биде усвоен, наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година.

На седницата ќе се расправа и за предлог-закон за изменување на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка, за предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија итн.

Според тоа што партиите го зацртаа во Договорот од Пржино, пак, Собранието треба да се распушти од 45 до 60 дена пред одржување на изборите.

Засега, се очекува изборите да се одржат на 11 декември оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...