Дописници Фестивалот „Охридско лето“ завршува вечерва

Фестивалот „Охридско лето“ завршува вечерва

Годинешното 56. издание на „Охридско лето“ свечено ќе биде затворено вечерва, во предворјето на црквата Св. Софија, со изведба на песни од театарски претстави, создавани во периодот од 2003 до 2013 година.

Изборот на песни и претставата насловени „На светов убавина“ се на Горан Трајкоски.

Трајкоски реализирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и филмска музика, работејќи на познати македонски филмови.