Македонија Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во...

Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во процесот

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пред вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која почна околу 18 часот.

Како главна причина за ваквата состојба, Ванхауте го посочи датумот на изборите, односно „унилатералната одлука“ да се оди на предвремени избори на 24 април.

„Денеска ќе разговараме за напредокот што можеме да го постигнеме наредните денови за прашањата околу методологијата со која Државната изборна комисија ќе може да го прочисти избирачкиот список и да ги провери гласачите. Второ, ќе почнеме да разговараме за прашањата што се однесуваат на медиумите. Главна пречка е унилатералната одлука да се оди на избори, а како резултат на тоа, целосно се изгуби довербата во процесот. Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите. Тоа е главната пречка со која се соочуваме во моментов“, ја пренесува „Телма“ изјавата на Ванхауте.