Македонија Ван Хојте: Имаме добра дискусија, поголемите прашања се затворени

Ван Хојте: Имаме добра дискусија, поголемите прашања се затворени

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте во денешната изјава пред Клубот на пратеници рече дека не е песимист како пред неколку часа и дека учесниците во преговорите биле конструктивни.

– Имаме добра дискусија, а поголемите прашања се веќе затворени – рече Ван Хојте.

Тој додаде дека законот за „бомбите“ повеќе не е проблем за да течат преговорите за изборната регулатива, но не сакаше да прецизира дали законот е повлечен или ќе се повлече од собраниска процедура.

Како и амбасадорот Орав, и Ван Хојте рече дека законот за мораториум на „бомбите“ и законот за „свиркачи“ ќе бидат разгледувани на работните групи и дека решение за ова треба да има пред 20 октомври.