Свет Европа Валс бара да се зајакне контролата на границите на ЕУ

Валс бара да се зајакне контролата на границите на ЕУ

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека е потребно итно зајакнување на контролите на границите на Европската Унија по бомбашките напади во Брисел, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.

– Итно е потребно да се зајакнат надворешните граници на ЕУ – рече Валс, додавајќи дека е неопходно да се запрат луѓето што влегуваат во Европа со лажни пасоши, а имајќи предвид дека ИД „украла голем број пасоши во Сирија“.

Во терористичките напади во Брисел, според официјалните податоци, загинаа најмалку 31 лице, а 250 се ранети.

Осомничените на аеродромот донеле три бомби, од кои една не експлодирала, а подоцна била уништена.
Нападот на аеродромот е изведен околу осум часот утрото, кога две силни експлозии го потресоа главниот хол на аеродромот. Третата експлозија погоди воз во метро-станицата Малбек, во центарот на Брисел, и тоа за време на сообраќајниот шпиц.