Дописници Утре во Софија, промоција на изборот „Последните ракописи“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Утре во Софија, промоција на изборот „Последните ракописи“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Во Националниот дворец на културата во Софија, утре ќе се одржи промоција на новиот избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик, „Последните ракописи“, во превод на Роман Кисјов.

Кисјов важи за еден од најдобрите преведувачи на македонската поезија на бугарски јазик.

Досега ги има преведено Ацо Шопов, Анте Поповски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и други.

Книгата „Последните ракописи“ на Ѓорѓо Димоски ја објави издавачката куќа „Смол стејшенс прес“, а за творештво на авторот ќе говорат Цветанка Еленкова, Владимир Левчев и Роман Кисјов.