Македонија Утре средба на министрите за внатрешни на Македонија, Србија и на Австрија...

Утре средба на министрите за внатрешни на Македонија, Србија и на Австрија за мигрантската криза

Утре, 4 септември, во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, ќе се одржи средба на министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија и на претставник на Министерството за внатрешни работи на Унгарија на која ќе се разговара за мигрантската криза.

Како што информираат од МВР, на средбата, министрите Митко Чавков, Јохана Микл-Лајтнер и Небојша Стефановиќ и заменичката на државниот секретар на унгарското МВР, Кристина Берта, ќе потпишат меморандум за разбирање, кој се однесува на чекорите кои четирите држави треба да ги преземат и „кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција што ги засега овие земји“.