Економија Утре почнува дебатата за предлог-буџетот за 2018 година, со покани и на...

Утре почнува дебатата за предлог-буџетот за 2018 година, со покани и на затворена сесија

Министерство за финансии утре ќе организира дебата на затворена сесија за предлог-буџетот за 2018 година, на која ќе учествуваат само поканети претставници на граѓански организации, синдикати и на стопански комори.

Од Министерство за финансии, за „Мета“ велат дека ќе бидат поканети оние организации што се занимаваат со теми од областа на финансиите.

– Сакаме да бидеме поттик за другите министерства, да покажеме дека треба да организираат дебати и да бидат отворени кон предлози од организации што ја третираат нивната проблематика. Ние сме Министерство за финансии и покануваме организации кои се занимаваат со оваа проблематика – велат од министерството.