Свет Европа Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ѝ даде поддршка на контроверзната политика на владата на премиерот Виктор Орбан кон мигратската криза со која се соочува Европа, пренесува ХРТ.

Парламентот го усвоил законот кој предвидува изградба на 175 киметри долга и четири метри висока ограда на границата со Србија, која треба да ги запре илегалните премини на мигрантите во Унгарија.

Најголем број од мигрантите се државјани на Сирија, Ирак и на Авганистан, кои бегаат од подрачјата зафатени со воени конфликти на Блискиот Исток и бараат азил во западноевропските земји.