Свет Балкан Унгарската полиција забрани пристап на новинари на железничката станица

Унгарската полиција забрани пристап на новинари на железничката станица

Шефот на унгарската полиција, Карољ Пап, денеска им наложи на новинарите да ја напуштат железничката станица во градот Бичке, каде претходно дојде до судир меѓу бегалците и полицијата.

Пап на новинарите им соопштил дека може да чекаат пред станицата, но оти влезот нема да им биде дозволен, пренесува унгарската агенцијата МТИ.

Агенцијата наведува дека унгарската полиција ја прогласила железничката станица во местото Бичке за „оперативна зона“.

Полицијата во ова место, оддалечено 35 километри од Будимпешта, ги истера од возот бегалците кои патуваа кон Западна Европа.