Економија Унгарска државна компанија заинтересирана за изградба на „Рајска градина“

Унгарска државна компанија заинтересирана за изградба на „Рајска градина“

Голема унгарска државна компанија била заинтересирана да ги изгради далеководот Битола-Елбасан, како и проектот „Рајска градина“ во Скопје, информирал новиот амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, на денешната средба со министерот за економија Дритон Кучи.

Дукс најавил и пуштање на директна авионска линија Будимпешта – Скопје – Будимпешта, преку нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.

Македонија и Унгарија досега одржаа три седници на мешовити комисии, а се одржа и бизнис-форум во согласност со меморандумот за соработка што го потпишаа агенциите за инвестиции на двете земји.

Покрај тоа, беа потпишани и три нови меморандуми за продлабочување на соработката во областа на културата, образованието и на управувањето со води.