Свет Балкан Унгарија прогласува вонредна состојба и испраќа војска и полиција на границите

Унгарија прогласува вонредна состојба и испраќа војска и полиција на границите

Унгарија дополнително ќе го засили воениот и полициски надзор на своите јужни граници, соопшти министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер.

Одлуката доаѓа на денот кога земјите од таканаречената балканска рута почнаа да спроведуваат засилени мерки за влез на мигрантите.

– Унгарија ќе ја засили заштитата на своите граници и поради мигрантите ќе прогласиме кризна состојба во целата земја – рече Пинтер.

Словенија, Хрватска и Србија од полноќ ги заострија мерките за да го запрат протекот на мигранти преку своите граници, а како последица на тоа и Македонија од вчера не пропуша мигранти кои доаѓаат од Грција.

Пинтер најави дека слични мерки ќе се применат и на границите со Романија, а можно е и подигнување ограда на границата со оваа источна членка на ЕУ.

Унгарија подигна жичена ограда кон Србија и Хрватска.