Свет Европа Унгарија подигнува ограда и кон Хрватска

Унгарија подигнува ограда и кон Хрватска

Унгарија во текот на минатата ноќ почна да подигнува ограда на границата со Хрватска за да го запре приливот на бегалци, изјави премиерот Виктор Орбан.

На границата со Хрватска веќе се анагажирани повеќе од стотина војници и полицајци.

Орбан изјави дека до крајот на денот во целот ќе биде подигната ограда во критичниот дел со должина од 41 километар, каде овие две земји не се раздвоени со река.

– Мораме да ги спроведеме истите мерки што ги презедовме и за границата со Србија – рече Орбан, додавајќи дека во овој момент на подигнување на оградите работат 600 војници.