Свет Балкан Укината вонредната состојба во Србија

Укината вонредната состојба во Србија

Српската влада денеска ја укина вонредната состојба во земјата, која на 10 март беше воведена поради поплавите.

Како што јавуваат српските медиуми, одлуката е донесена по предлог на Републичкиот штаб за вонредни ситуации, а исто така е усвоена и одлуката за прогласување прекин на елементарната непогода.

Експертите веќе вршат процена на штетите од поплавите, а според информациите од теренот, водата во повеќето реки, со исклучок на Јужна Морава, се повлекла во коритата.