Фондацијата Метаморфозис објавува CtrlZ предизвик за кратко видео на тема: Животот на младите по појавата на ковид-19.
Можат да учествуваат сите заинтересирани млади лица од 13 до 24 години.
Сè што треба да направите е да креирате кратко видео поврзано со тоа како ќе изгледаат секојдневните активности на младите по завршувањето на ковид-19
Видеата може да бидат снимени со каква било камера или телефон.
За да учествувате на предизвикот:
- Постирајте го видеото на дадената тема на вашиот профил на некоја од социјалните мрежи YouTube, TikTok, Instagram;
- Заследете го Инстаграм профилот на CTRLZ – https://www.instagram.com/ctrlz.mk/ ;
- Додадете го хаштагот #CtrlZChallenge во насловот или описот на видеото;
- Ако видеото е поставено на Инстаграм, задолжително означете го нашиот профил @ctrlz.mk. Пожелно е профилот да ви биде отворен, односно јавен (public), а не затворен (private) со цел да можат видеото да го видат сите. Доколку видеото е прикачено на ТикТок или YouTube, задолжително пратете ни линк до видеото во порака до нашиот Инстаграм профил.
Во случај да се користат материјали кои не се авторски, задолжително е тие да се со отворена лиценца, односно слободни за бесплатно користење.
Забрането е користење материјали заштитени со авторски права или плагијаторство во апликациите.
Победникот ќе добие награда – Action Camera GoPRO Hero 7.
Пријавите на предизвикот ќе се примаат од 25 јуни до 23 јули, а победникот ќе биде прогласен на 31 јули 2020 година.