Свет Убиени најмалку 27 припадници на ИД во Алепо

Убиени најмалку 27 припадници на ИД во Алепо

Најмалку 27 припадници на Исламска држава (ИД) биле убиени во операција на турската војска и на силите на меѓународната коалиција предводена од САД во северниот дел на сирискиот град Алепо, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, јавуваат светските агенции.

Во нападите, според информациите, биле уништени пет утврдени позиции на милитантите на ИД и две артилериски бази во области на околу 10 километри од турско-сириската граница.

Турските власти и силите на коалицијата неодамна спроведоа повеќе слични напади за да ги спречат понатамошните напади на турскиот пограничен град Килис, кој се наоѓа спроти територијата во Сирија која е под контрола на милитантите на Исламска држава.