Видео Убиен рускиот пратеник Вороненков кој поради Путин побегна од Русија

Убиен рускиот пратеник Вороненков кој поради Путин побегна од Русија

Рускиот пратеник Денис Вороненков, кој побегна од Москва од страв да не биде убиен од агентите на претседателот Владимир Путин, убиен е во Киев.

Вороненков, кој неодамна ја критикуваше и украинската влада, е убиен на улица сред бел ден.

Четириесет и петгодишниот Русин побегна од својата земја во октомври минатата година, заедно со својата сопруга, оперската певица Марија Максакова.

Тогаш изјави дека му е доста од „шизофренијата“ на руската влада. Вороненков се откажа од руското државјанство и доби украински пасош.