Свет Свет Убиен руски полковник во Алепо

Убиен руски полковник во Алепо

Рускиот полковник Руслан Галицки е убиен во Алепо откако сириските бунтовници гранатираа дел од градот во кој се наоѓал, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Убиството на Галицки може да предизвика уште посилен притисок од Русија врз бунтовничките сили, кои се борат против сириската војска, пренесува Сириската опсерваторија за човекови права.

– Бунтовниците направија голема грешка – изјави Рами Хасан од Сириската опсерваторија со седиште во Лондон.

Истовремено, сириската војска ги зазела сите делови на стариот град во Алепо по вчерашната операција. Локалните медиуми наведуваат дека сириските вооружени сили контролираат повеќе од 65 проценти од источниот дел на Алепо, кој досега бил упориште на бунтовниците.

Полковникот Галицки, кој во Сирија работел како специјален воен советник, постхумно ќе биде одликуван со најголемо воено признание, пренесуваат руските агенции.