Свет Убиен полицаец во Сан Диего, САД

Убиен полицаец во Сан Диего, САД

Еден полицаец е убиен, а негов колега е хоспитализиран со тешки повреди, откако синоќа во нив стрелало засега непознато вооружено лице во американскиот град Сан Диего, јавува „Би-би-си“.

Двајцата полицајци биле дел од едницата за борба против банди, а биле застрелани на улица во Сан Диего, во четвртокот вечерта.

Нивните имиња засега не се објавуваат, а според информациите, вториот полицаец бил во стабилна состојба и се очекува да преживее.

Синоќешниoт напад во Сан Диего следува по нападите и по убиствата на неколку полицајци во американските градови Далас и Батон Руж.