Свет Убиен лидер на терористичка организација

Убиен лидер на терористичка организација

Мухсин ал Фадли, кој важи за клучен човек на групата Хорасан, која е разгранок на Ал каеда, е убиен во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во Сирија, соопшти денеска Пентагон.

Ал Фадли е убиен на 8 јули при напад од воздух на возилото со кое патувал во северозападниот дел на Сирија, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.

Убиениот Ал Фадли бил еден од ретките лидери на Ал каеда, кој однапред добил информации за планирани напади во САД, извршени на 11 септември 2001 година.

Дејвис не откри други детали за нападот во кој загинаа лидерот на разгранокот на Ал каеда. Засега не е познато дали нападот бил извршен со беспилотни летала или воени авиони.