Дописници Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска.

– Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш – изјави јавниот обвинител Борислав Нешоски од Основното јавно обвинителство во Тетово.

Осомничениот за убиството, кој е во бегство, е жител на Тетово и живее на улицата Иво Лола Рибар. Полицијата и јавниот обвинител извршија увид на местото на убиството, а телото на починатиот е дадено за обдукција.

З.Д.